(ФОТО) Ердоган го претстави првиот турски автомобил

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го возеше првиот турски автомобил претставен во петокот како плод на големиот успех на турската индустрија и технологија.

Прототипот на првиот турски автомобил, кој е уште еден во низата технолошки и индустриски достигнувања во земјата, беше откриен во долината на технологијата Геззе.

На церемонијата присуствуваше и турскиот претседател Ердоган, кој истакна дека ова е историски ден за Турција.

Најавувајќи дека турската фабрика за производство на автомобили ќе биде отворена во Бурса, Ердоган рече дека го нарачал првиот автомобил на негово лично име.

По изјавата, на сцената за прв пат беа прикажани две копии од турскиот автомобил,  SUV и седан верзии.

Најавено е дека процесот на лиценцирање на брендот ќе биде завршен следната година, и дека една година подоцна ќе се отвори фабрика за сериско производство при што првите турски автомобили ќе се појават на пазарот уште во 2022 година.

Турската автомобилска иницијатива група (ТОГГ) работи на проект за развој на првиот турски автомобил, кој беше создаден по препорака на Ердоган минатиот јуни со здружување ресурси од турските компании Анадолу Груб, БМЦ, Кок Груб, Турксел, Сојузот на турските берзи и стопанските комори и Зорлу Груб.