Села во „360 степени“ за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ: Нема менување на законот за јазици

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за постизборна коалиција и формирање на влада, односно дали би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние ќе одиме во коалиција со тој политички субјект кој ја прифаќа Програмата на Алијанса за Албанците и комотни позиции немам намера да му создадам на ниту еден политички субјект во македонскиот политички блок. Дали сум јасен?!“,вели Села.

ВМРО-ДПМНЕ велат – ако имаме две третини ќе го промениме Преспанскиот договор, тоа што Бугарија го бара од нас е неприфатливо, треба да го смениме Законот за јазици согласно со препораките на Венецијанската комисија…

„Еве и јас ќе им одговорам. Да не ни помисли некој да дојде кај мене и да бара од мене да се измени Законот за јазици. Ние сме одговориле во некои случаи. Законот за јазици само може да се унапреди, а не може да има враќање назад“,вели Села.

Села кажа дека со Заев досега имал една или две средби за референдумот и за уставните измени, а со Мицкоски никогаш немал остварено средба.

Целиот текст тука.