Возете внимателно, снег и магла има по патиштата низ државава

Поради појава на магла има намалена видливост од 150 до 200 метри на планинскиот премин Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози во северозападните и западните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Врнежи од слаб снег кој не се задржува на коловозот се бележат на Попова Шапка, Тетово, Маврово и Павлешенци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор:АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ