Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во пресрет на денешната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на која треба да се разговара за составот на техничката влада истакна дека има принципи и критериуми за предлози, водејќи се пред се од правната држава и принципи досега поставени од Социјалдемократскиот сојуз и кој не сакал да ги соопшти јавно.
„Ќе ги поставам на маса и верувам дека и најголемата опозициона партија ќе води грижа токму за тие принципи, заради тоа што не е само Министерот за внатрешни работи и туку Оливер Спасовски и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и тој треба на крајот да даде предлог и не е се исто каков предлог како овластен предлагач давате. Заради тоа што кога давате предлог застанувате зад него. Веројатно тие знаат како е најдобро за нив како најдобро ќе ја извршат улогата, но секако не значи дека секој еден може да биде кандидат за министер или за дополнителен заменик министер.“ – истакна Заев.