Во силна експлозија на автомобил-бомба на контролен пункт во сомалиската престолнина Могадишу, во која загинале најмалу 61 лице.

Британски BBC, јавува за 30-ина убиени, а агенцијата Reuters повикувајќи се на извори во брзата помош јавува за повеќе од 60 жртви. Агенциајта AFP, пак, го цитира полциискиот службеник Ибрахим Мопхамед кој рекол дека може да потврди смрт на 20 цивили и голем број повредени. Сомалискиот пратеник и поранешни министер за внатрешни работи, Мохамед Абдизирак, пак, тврди дека се убиени повеќе од 90 луѓе.

Полицијата соопшти дека според првичните сознанија камион полн со експлозив влеталн во областа во којашто поради безбедносен пунк сообраќајот е густ и бавно се одвива.

Маж, кој бил сведок на експлозијата, за Reuters рекол дека „сѐ што можел да види биле расфрлани мртви тела… некои изгорени до непрепознатливост“.

Ниедна група засега не ја презема одговорноста за нападот, но главниот град на Сомалија често е цел на бомбашки напади извршени од милитантите на исламистичкото движење ал-Шабаб.