Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната седница на Комисијата за буџет и финансирање посочи дека оваа влада буџетот го користи за популизам и груб обид за поткуп на изборите со народни пари.
Јас би се задржал малку повеќе на конкретни бројки како и елаборација на главните тези и на главните постулати на кој што Владата го базира буџетот на Република Македонија. Тврдењето дека овој буџет е буџет со кој што се инвестира во човечки капитал за мене е целосно неприфатливо поради неколку причини. Заради тоа што по сите модели и дефиниции човечки капитал и инвестиции во човечки капитал не се подразбира 3.000 или 5.000 денари за трошок плус на плата, туку се подразбира инвестиција во знаењето на луѓето. Тоа е капиталот кај луѓето, истакна Димовски.
Димовски додаде дека тоа кај нас се случува кога реализациите во образованието се на 30% од предвиденото. Во период кога само 10% од владината програма во областа на образованието од 2016, 2017 до сега е реализирана. И се случува во период кога генерално нашите универзитети го зафаќаат над 3.600-тото место на Шангајската листа. Значи инвестиција во човечки капитал не е да се даде риба на луѓето како што вели една поговорка туку инвестиција во човечки капитал е да ги научите како да ја ловат таа риба.
Заради тоа ова т.н. инвестирање во човечки капитал е евтин популизам и груб обид за поткуп на изборите со владини пари, со државни пари, со даночни пари кои што ги плаќаат сите. Јас го гледам занесот на СДСМ и претставниците од владата мислејќи дека ваквата политика ќе донесе некакви резултати на изборите, но ве уверувам дека граѓаните малку повеќе ги потценувате и им правите чувство дека они треба да мислат дека со 3.000,2.000, 5.000 денари плус тие треба да сменат своето политичко уверување и своето мислење дали некој пратеник е добар или лош во својата работа. Дали пратеник, министер е чесен или нечесен?Дали се спроведуваат основните политики на Владата кои што беа ветени или не? Тоа, нема да ви се случи, а ќе потрошите огромни средства на пари кои што инвестирани во реалниот сегмент на буџетот, дури инвестирани навистина во човечкиот потенцијал, но по правилата на модерната теорија. Но не на пример во вид на поткуп кој што сакате вие да го направите, потенцира Димовски.
Димовски рече дека наместо владата да потрошеше по 200.000-300.000 илјади евра за хонорари на обвинители од СЈО тие пари барем да ги наведеше за бесплатни курсеви за програмирање за младите лица до 25 години. Наместо да купуваше оваа влада фстаци за СЈО, тие пари барем да ги потрошеше за учење на јазици.