„Владата е во сигурни раце до победата!“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.
Исто така, тој напиша дека СДСМ едногласно на политичка координација, на ИО и на ЦО, донесе одлуки за четири кадровски решенија кои ќе ја водат преодната влада, која ќе трае сè до формирањето на политичката влада.
За претседател на преодната влада е избран Оливер Спасовски, досегашен министер за внатрешни работи. За потпретседателка на владата за економски прашања избрана е Мила Царовска, досегашна министерска за труд и социјална политика. За дополнителна заменичка-министерка во МВР избрана е Славјанка Петровска, досегашен шеф на кабинетот на министерот Спасовски, а за дополнителна заменичка-министерка во Министерството за труд и социјална политика избрана е Санела Шкријељ, досегашен шеф на кабинетот на министерката Мила Царовска. За нов секретар за меѓународна соработка на СДСМ е избран Бојан Маричиќ, кој е национален координатор за европски интеграции во Владата, истакна Зоран Заев.