Денес, во 16 часот, во Собранието на Република Македонија ќе се одржи средба помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ – Христијан Мицкоски и Али Ахмети.
Потоа, во 17 часот, Мицкоски во Владата ќе разговара со Заев.
Темата на разговорите е формирањето техничка влада од 3 јануари, односно договори околу кадровските решенија.
Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека состанокот е за формирањето на техничката влада и дека е законска обврска. Од ДУИ велат дека Ахмети освен за техничката влада нема да отвори друга тема со Мицкоски. И средбата помеѓу премиерот и опозицискиот лидер во 17 часот е за консултации за техничката влада.
СДСМ синоќа ги објави своите кадровски решенија за техничката влада, додека од ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште официјално ги немаат откриено нивните предлози за министерските позиции во преодното владеење пред парламентарните избори.