„Медена земја“ е номинирана и за најдобар Европски документарец

Уште едно признание за „Медена земја“

Документарниот филм „Медена земја“ предизвикува голем интерес кај светската културна јавност.

„Медена земја“ е македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар странски документарен филм.

Оваа необична приказна допира до срцата на посетителите на проекциите,а вредноста на овој документарен филм, ја потврдија  повеќе награди кои ги доби досега.

„Медена земја“ е номинирана и за најдобар Европски документарец на „Европските филмски награди“ кои ги доделува Европската филмска академија. Овој филм е меѓу петте кандидати за наградата најдобар Европски филм.