Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција ги запраша СДСМ од каде им се парите за рекламирање?
Замислете, во време кога државата тоне и е презадолжена, кога граѓаните се на работ на егзистенцијата, СДСМ во кампања во националните медиуми според пазарната вредност од единствениот сервис за мерење на медиумите за рекламирање плаќа повеќе од 1 милион евра за период од 2 недели, односно од 10 до 23 декември, истакна Неловски.
Главното прашање е: Од каде им се на СДСМ над 1 милион евра да платат за рекламирање и обид за вршење на поткуп и наклонетост на медиумите?
Дали можеби овие пари им се од Луј Витон торбите и од „Рекет“?
Ако се земе во предвид дека СДСМ годишно зема околу 900.000 евра преку државното финансирање на партиите, на кој начин ќе ги сервисира останатите пари кои што ги троши? Ако за оваа кампања потрошила 1 милион евра, рече тој.
СДСМ во просек секој ден од 10 декември до 23 декември трошеле по 100.000 евра.
Само за споредба едно просечно македонско семејство за еден месец троши 200 пати помалку и месецот го поминува со 500 евра.
Лицемерно е СДСМ да говорат за богати партии, кога самите докажуваат дека се најбогатата партија во регионот која што троши 100.000 евра дневно за рекламирање, констатираше Неловски.
Се повеќе е јасно каде завршуваат тендерите кои секојдневно ги објавуваме во јавноста.
СДСМ врши класичен обид за поткуп на секој можен начин на медиумите и врши класична манипулација на граѓаните.
Република Македонија тоне на секое поле и затоа СДСМ троши милионски суми за извртување на реалноста.
Одговорност за се мора да има и ќе има после изборите, порача Неловски на крајот.