(ВИДЕО) Инциденти во црногорскиот парламент: Усвоен законот за слобода на вероисповед

Законот за слобода на вероисповед вчера во Собранието на Црна Гора беше донесен со гласови на владејачкото мнозинство и СДП.

За законот гласаа 45 пратеници од ДПС, СД, Либерална партија, Бошњачка партија, Хрватска граѓанска иницијатива и пратеници на Форс, како и заменици на СДП.

Пратениците на владејачката коалиција и СДП едногласно ги отфрлија 103те амандмани нa Демократскиот Фронт, чии претставници беа отстранети од Собранието откако го предизвикаа инцидентот.

Седницата беше одложена непосредно по полноќ, кога опозициониот претставник беше исфрлен од парламентото, откако фрли солзавец.

Наводно биле искинати микрофони пред претседателот на парламентот, па реагирало обезбедувањето.

Обезбедувањето тогаш го отстранило премиерот Душко Марковиќ од собраниската сала.

Инцидентите се случија кога во принцип беше усвоен Предлог-законот за слобода на веросиповед и започна дебата за предложените измени и дополнувања, со повеќе од сто предложени амандмани од Демократскиот фронт.

Подоцна, како што објави Мариновиќ, повикувајќи се на пратениците на владејачката коалиција, биле уапсени претставници на Демократскиот фронт и биле однесени во полиција.

Видео превземено од Алџезира Балкан.