Ванчо Чифлиганец продолжува да купува акции во Комерцијална банка преку “Адора Инженеринг”.
Комерцијална банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста дека дека во изминатиот период преку берзански трансакции правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со 2.583 обични акции издадени од Банката.
Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица ќе поседува вкупно 260.466 обични акции, односно ќе има учество од 11,43% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.
Вкупниот број на акции во моментов изнесува 2.279.067 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 6.570,29 денари