Пратениците на опозицискиот фронт во Црна Гора, предводени од Андрија Мандиќ, предизвикаа инцидент во црногорскиот Парламент. Тие се обидуваа на ској начин да го спречат носењето на Законот за верски слободи, со кој, покрај другото, црногорската држава ќе стане сопственик на верските објекти за кои верските заедници нема да може да докажат сопственост.

Такви објекти во Црна Гора има најмногу на Српска православна црква.

На новинарските екипи не им беше дозволено присуство во салата на

Парламентот.Претседателот на Парламентот, повика да се санкционираат предизвикувачите на инцидентот.

 

Во отсуство на опозициските пратеници е донесен Законот за верски слободи.

Видео: Ал Џезира Балканс.