Венера – „мала среќа“

ВЕНЕРА

Ако Јупитер е „голема среќа“ и малку машка планета, за Венера може да се каже дека е женска, а ја викаат „мала среќа“. Таа владее со човечките чувства, склучува пријателства и бракови. Се грижи за сите убави работи во животот. Духовита е, сака да биде сакана. Тоа е убава планета на љубовта, убавината и благоста, весела водилка на ноќта. Венера значи шарм, смисла за музика, песна, танц, благородност, но и претпазливост, вкус за спектакли, накит, цвеќе и мириси, желба да се допадне. Венера е љубов во својот најосновен облик. Има и премногу среќа во љубовта и затоа ја ценат. Многу е ветровита и нестабилна. Венерин ден секогаш бил и останал петок, тоа секој го знае. Сепак, таа секојдневно води грижа за венчавките, монденските задоволства, слободните љубовни заедници. Таа се грижи за големата љубов и величествената посветеност.

Родените под овој знак имаат месеста уста, кафеава коса, долги трепки, дупчиња на образите, прав нос, благ глас, а очите и устата им се насмеани. Со свеж тен се и витка става. Тие ја сакаат црвената боја, цвеќе јасмин, а животно посветено на нив е јарец.

Венера е планета на уметниците, докторите, куртизаните и плејбоите. Таа води кон здрави задоволства, кон семејна заедница и пријателство. Но таа може да ги направи луѓето и лоши и тогаш тие стануваат развратни, поткупливи, мекотели, прекумерно чувствителни,