ЈУПИТЕР
Тоа е добра планета, способна сѐ да сфати и секого да разбере. Тој помага на отмената и племенитата страна на човековата природа, благонаклоност, надевање, продуховеност. Праведен е и сака на сите да им помогне па дури и на своја штета. Се бори секогаш за праведни работи, паметен е и омилен во друштвото. Тој го дава она доброто и сожаливото во нас. Ги бара сите задоволства на овој свет и ужива во јадења и убави жени. Работите ги извршува вешто и брзо, но затоа не внимава многу на себе. Симбол е на успехот и богатството.
Човекот роден под оваа планета има високо чело, костенлива коса, насмеани очи, црвени усни, а по градба е висок, со свеж тен и јасен глас. Тој сака виолетова боја, билка посветена на него е љубичица, а животно е свиња. Луѓето од овој знак боледуваат од црниот дроб (налонети се кон гурманството), во староста се проќелави и дебели. Ги сметаме за луѓе кои сакаат добро да живеат, да излегуваат, сакаат празници и прослави, исто така и ред и социјални конвенции. Имаат добра душа, висок морал, големо чувство за правда, чесни се и милосрдни, симпатични и сериозни. Тие брзо ја напуштаат сиромаштијата и незрелоста, но влијанието на Јупитер може да е и лошо и тогаш човекот станува злобен, оргијаш, одмаздувач и напушта сè за да се предаде на уживањето.