Старите астролози разликувале 5 планети и 2 ѕвезди: Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Сонце и Месечина и според нив, тие седум небесни знакови наизменично владеат со светот и влијаат на судбината на човекот. Подоцна откриените планети: Уран, Нептун и Плутон не се астролошки потполно истражени па и местото во владеачкиот круг не им е дефинитивно одредено.
Кога ќе се каже дека на некој му е „јак“ Јупитер во хороскопот, тоа значи дека влијанието на Јупитер е најсилно изразено, дека не е со ништо ослабен, туку е напротив потпомогнат од односите на останатите планети. Сите ѕвезди и планети имаат одамна одредени особини; но, накратко се делат добри и лоши. Добротворни се: Јупитер, Венера, Сонце и Месечина. Злобни планети се: Сатурн, Марс, Нептун и Плутон. Гледаме дека овде го нема Меркур, кој е премногу паметен да се приклучи на било која од овие групации. Тој е добар ако е во врска со добра планета, а лош ако на него делува лоша планета.
УРАН, НЕПТУН И ПЛУТОН се новооткриени планети и не се најпрецизно астролошки дефинирани. Сепак, сите спаѓаат во категоријата на злобни планети. Симболи им се следните:
УРАН – ненадејна промена, оригиналност, експлозивност, неможност да ги задоволи сите свои желби.
НЕПТУН – таинственост, имагинативност, силна чувствителност, нереалност.
ПЛУТОН – планета откриена дури во 1930, па астролошки уште не е најдобро запознаена, но се верува дека е сличен со Нептун.