Охриѓанецот Спирко Топал живее во 35 квадрати, со сопругата и четири деца. Поседува плац во населбата Рача, каде што гради, потенцира, не хотел, не викендичка, туку А4 објект за домување, за да не мора веќе да живее во станот. Но и покрај сите најави дека ќе се бopи и правдата ќе ја тера до крај, Топал кpeва paце од државата, пренесува порталот „Охрид1“.
Топал, поранешен припадник на Единицата за брза интервенција „Лавови“, е категоричен дека се соочува со селективна правна. Тој веќе подолго време се обидува да добие пат до плацот, но без успех. Категоричен е дека ги има сите одобренија, но Агенцијата за државни патишта му поставила жолта лента и му соопштила дека мора да ја стопира изградбата, затоа што патот до кој го започнал објектот бил булевар. Спирко прашува, ако е патот булевар, зошто на познати бизнисмени им се дозволува да ги градат околните објекти до истиот тој пат? Одговорот што го добил, вели, е дека до некаде имало план, но на потегот каде што е неговото земјиште нема план.
Така разочаран, Топал се решава на најтешкиот чекор – да го продаде имотот што, како што вели, кој премногу му значи. „Морам на децата да им обезбедам дом. Морам да му обезбедам живеалиште на семејството“.
Она што е интересно на огласните табли околу куќата тој напишал „Плацот се продава само на Албанец“.