Денеска на прес конференција во владата премиерот Зоран Заев на новинарско прашање одговори дека не постојат причини за одлагање на изборите и дека пратениците на СДСМ ќе ги подджат измените на Изборниот законик кои се предложени во Собранието од страна на помалите партии.
Тој истакна дека тоа било предизборно ветување на СДСМ и дека се за истото да биде реализирано.
Ако дојде на гласање ваквото законско решение, ние ќе го поддржиме…
Побара поддршка и од останатите политички партии во собранието да го поддржеле овој предлог за да се демократизирало општеството.
Според него сеуште постоело време до изборите, четири и пол месеци, но сепак на крај ДИК ќе го има главниот збор, односно ќе треба да им каже на партиите колку е сето тоа изводливо од аспект на процедурите за спроведување на изборите, истакна Заев.