На денешниот брифинг со новинари претседателот на Собранието Талат Џафери изјави:
„Сѐ додека не се распишат изборите можно е да бидат одложени. Тој рече дека теоретски постои таква можност, со оглед на тоа што предвремените избори треба да се одржат во рок од 60 дена од распуштањето на парламентот.Сè додека премиерот Зоран Заев не поднесе оставка и не се формира техничка влада изборите можат да се одложат. Според Пржинскиот договор изборите се одржуваат 100 дена по формирањето на техничката влада, па оттаму Џафери вели дека тие не можат да се одложат откако новата влада ќе биде изгласана во Собранието.

Тоа би значело околу 10 февруари, Џафери планира на 3 јануари односно 100 дена пред изборите да закаже собраниска седница за избор на технички премиер и на нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Но, сепак тоа зависело од тоа дали премиерот Зоран Заев би поднел оставка и кога ќе бидат доставени предлозите за новите министри.