Заев: Видовме дека прогресивниот данок не ги дава очекуваните резултати

Ние сме најдобар пример за инвестирање во човечките ресурси во државата, во човечкиот капитал. Полевичарски од тој концепт, здравје. Остварувањето на правата на работниците, на финансиската поддршка преку растот на платите и другите придобивки, затворањето на прашањето на стечајните работници, најважните прашања за поддршка на земјоделците, покачувањето на пензиите… Сeто тоа се типични левичарски, социјал-демократски политики, истакна Претседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за емисијата „Економски магазин на ТВ Алсат.

„Не треба да се гледа само одлагањето на примената на прогресивниот данок и данокот на добивка, и само врз основа на тоа да се суди дека сме ја напуштиле социјал-демократската позиција околу овие прашања. Видовме дека прогресивниот данок во нашето опкружување не ги дава очекуваните резултати.“

Тој додаде дека бил констатиран и пад на данокот од добивка што покажа дека компаниите започнаа да ги префрлаат парите на сметки во странство и потоа како консултантски услуги ги враќаа назад во државата.