Како што објави Алфа ТВ, според нивни извори, во сабота во 17 часот во владата ќе се сретнат лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев.
За во 19,30 часот истиот ден се очекува да се случи средба и меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
За оваа средба се уште нема точна локација, според Алфа ТВ.
Темата на двете средби ќе бидат деталите за формирањето на Техничката влада и кадровските решенија кои од 3 јануари ќе бидат дел од владата која ќе ја води државата до 12 април кога се закажани предвремени парламентарни избори.