Ова е списокот на најлоши лозинки во 2019 година

Споредено со минатата година, Splash Date посочува дека повеќе не е ’donald’ меѓу првите 25 најлоши лозинки.

Компанијата за управување со лозинки SplashData објави список со најлоши лозинки за 2019 година, врз основа на повеќе од пет милиони лозинки што се појавија преку Интернет во изминатата година, односно протекоа по хакерските напади.

Главниот извршен директор Морган Слејн вели дека со објавувањето на списокот со најлоши лозинки секоја година, тие сакаат да ги алармираат корисниците за опасностите што демнат на Интернет и дека мора да се преземат чекори за да се заштитат нивните сметки.

Тој додаде дека ситуацијата се чини дека се подобрува и корисниците со текот на времето почнале да користат посложени лозинки, но хакерите честопати, се уште можат да детектираат едноставни алфанумерички модели што се користат за да се заштитат лозинките на сметките.

Најлошата лозинка користена за „заштита“ на сметка во текот на 2019 година е 123456, додека втората најлоша е 123456789.

Еве листа на првите десет лоши лозинки користени во 2019 година:

1. 123456
2. 123456789
3. qwerty
4. password
5. 1234567
6. 12345678
7. 12345
8. iloveyou
9. 111111
10. 123123