За германците Трамп е најопасниот човек за светот, а на Макрон најмногу му веруваат

Повеќе од две илјади Германци во истражувањето одговориле оти сметаат дека американскиот претседател Доналд Трамп е поопасен од Владимир Путин, Ким Јонг Ун, Кси Џинпинг и ајатолахот Али Хаменеи, според анкетата нарачана од ДПА.

Четириесет и еден процент изјавиле дека Трамп е најголемата закана за светскиот мир меѓу сите пет светски лидери. Седумнаесет проценти сметаат дека Ким е најопасен, а осум проценти мислат на Путин.

Испитаниците сметаат дека кинезот Кси е најмала закана, при што само седум проценти сметаат дека е најопасен.

Податоците се сменија некаде од минатата година, кога во слична анкета на YouG се најдоа само Трамп, Ким и Путин. Во таа пригода, 48 проценти изјавиле дека Трамп е најголемата закана.

Посебна анкета спроведена од Институтот Кантар за германската група „Фанке Медиа Груп“ покажа дека Германците повеќе би му верувале на францускиот претседател Емануел Макрон (57%) отколку на нивниот лидер, канцеларката Ангела Меркел (53%).