Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно. Децата се најосетливата група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото.

Светската банка во студијата „Зелен раст“ процени дека Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Земјата е и на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух. Поточно, според Светска банка аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно, а македонската економија трпи штети од 253 милиони евра како резултат на високиот број случаи на прерана смрт, трошоци во здравството, намалената продуктивност на населението и отсуството од работните места на граѓаните.

Децата се најосетливата група на сите загадувања од животната средина, а пред сè од аерозагадувањето.