Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) ги проверија ставовите на граѓаните за актуелните политички случувања во земјата.

Најголем број испитаници (41,3%) рекле дека немаат доверба во ниту еден политичар, a 8,5% одбиле да одговорат на ова прашање или одговориле со „не знам“, со што речиси половина (49,8%) од граѓаните искажуваат целосна недоверба кон актуелната политичка елита. Другата половина од граѓаните, најголема доверба има во Зоран Заев (16,5%) и Христијан Мицкоски (14,2%). По нив сле-дуваат, лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 6,9% и претседателот на државата Стево Пендаровски со 4,2%.
Речиси и да нема разлика помеѓу рејтингот на двете најголеми политички партии во државата, односно таа е во маргините на статистичката грешка. Актуелната партија на власт, СДСМ (22,1%) има благо водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ (20,4%). Рејтингот на ДУИ 6,6%.
Мнозинство од испитаниците (64,5%) одговориле дека сегашната Влада не ги исполнила нивните очекувања (воопшто 44,2% и делумно 20,3%). И покрај тоа, 58,7% од испитаниците сметаат дека опозициската партија не заслужува да биде избрана на следните парламентарни избори. Сепак, мнозинството испитаници (59,1%) одговориле дека сакаат да излезат на гласање.

Според етничката припадност кај македонците најголем рејтинг има Христијан Мицкоски.
Ако се изземат испитаниците кои рекле дека ниту еден од политичарите на заслужува
доверба (41,3%), етничките Македонци во најголем број довербата му ја дале на Христијан Мицкоски (19,3%), лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој не ужива доверба кај етничките Албанци, кои најголема доверба имаат во лидерот на ДУИ, Али Ахмети (31,8%), потоа, лидерот на СДСМ и актуелниот премиер Зоран Заев (13,7%) и лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села (10,4%). За разлика од Христијан Мицкоски, лидерот на СДСМ и актуелниот премиер, Зоран Заев ужива доверба и во двете етнички групи, односно 17,0% од Македонците и 13,7% од Албанците одговориле дека тој е политичарот во кој имаат најголема доверба.
Етничките Македонци се побројни меѓу оние кои сметаат дека ниту еден политичар не ја заслужува нивната доверба (45,5%), додека кај етничките Албанци со ваков став се 23,4%.
Целата анкета на МЦМС и ИДСЦС тука.
