Координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ изјави дека денешната седница на Собранието започнала со еден час задоцнување.
Да ги закажеме изборите па ќе кажеме како ќе го користиме името, одговори координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на обвинувањето од страна на владејачката СДСМ дека дома велат дека не го признаваат името, односно им пречи уставното име дома, а не им пречи уставното име и преспанскиот договор надвор при службени посети и средби..
„Првите закони требаше да се изгласаат со 61 глас „за“. Мнозинството пратеници од владеачката партија не беше собрано и немаа пратеници. Денеска изгубија еден час, а дали не се организирани или имаат проблем во коалицијата, прашајте ги нив. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дебатираат за враќање на рамниот данок,се враќаме на старото законско решение кое 10 години беше оспорувано. Не може никој да ги ограничи пратениците, посебно за тоа кој ќе ги врати парите кои досега ги земаа со мерката за прогресивен данок. Нивните изјави дека го блокираме Собранието е политичка игра со цел да се пролонгираат изборите“, изјави Мицевски.
Според него, опозицијата не го блокира Собранието, големиот број на пријавени за реплики и за збор е се со цел да се демаскираат политиките на СДСМ.
Дали не треба ние како пратеници да дебатираме по однос на овие Закони. 163 Закони се дојдени по скратена постапка поднесени од пратеници, а само 145 по редовна процедура“, рече Мицевски