Заев: Може и да не си поднесам оставка, а ако не поднесам оставка нема избори

Ако опозицијата продолжи да ги блокира законите за повисоки плати и пензии јас нема да си поднесам оставка на 3 јануари. Јас сум првиот што секогаш го почитува дијалогот и сега имам намера целосно да го испочитувам, но нема да понесам оставка ако некој ги блокира законите во Собранието, а без поднесување на оставката нема почнување на постапката за одржување на изборите. Ова денеска го истакна премиерот, Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Јас не сакам да ги одложам изборите ние во петок имаме Централен одбор, на Центарлниот одбор ќе одлучиме за новиот претседател на владата за време на техничката влада, ќе одлучуваме за пополнување на испразнетите места а тоа се согласно пржинската влада односно дополнителните заменици во МВР  во МТСП и потпретседател за економски прашања. Тоа покажува сериозен израз дека ние сме за избори и треба да се завршат, вели Заев.

Запрашан дали министерот Оливер Спасовски е негов предлог за технички премиер, Заев рече дека тоа ќе го каже на органот што одлучува, по што и на граѓаните ќе им соопшти кој бил негов предлог и каква е одлуката на органот на партијата.