Во врска со најавите од Владата дека ќе го поништи законот за лустрација, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
На вчерашната владина седница го усвоија предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни, бидејќи, како што вели премиерот, со тоа се исправа една долгогодишна неправда направена кон лицата кои беа жртви на постапките пред Комисијата за лустрација.
Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев изјави дека оваа криминално-рекетарска банда на власт продолжувала да исправа неправди! Нарачаните процеси од лустрацијата ќе останале само лоша меморија од времето на режимот.
Со други зборови, “другари и другарки” Среќна Нова ‘49!!! Слободно “кодошете”, уништувајте човечки судбини, “јадете живи луѓе” … и не се секирајте – тука е Зоки … “наместете” го, “кодошете” го роднината, комшијата, колегата и “државата” ви “чува грб” … Кумровец пуштен на најјако, напиша Јанушев.
Многу луѓе на ВМРО кои ја носеа идејата, кои го носеа столетниот идеал за Македонија, настрадаа поради кодошите и соработниците кои денес ги амнестира и наградува Зоран Заев. Ова, би рекол е финалето на “трговијата” и виткањето на кичмата на Заев, стои во статусот на Јанушев
Но, воедно нека се сетат и на жртвите и нивните наследници кои биле кодошени од соработниците кои сега ги штитат. Заев со ова плука врз Ристо Шишков, Методија Андонов Ченто, Живко Чинго, Љубиша Георгиевски, Гане Тодоровски….
И не само тоа, “оштетените” лица од лустрацијата (читај: “кодошите”) или нивните наследници имаат право на надомест на штета. Значи, ем ќе си “кодошат”, ем пари ќе си земаат.
Бандата рекетарска губи контрола. Ова е одлука за потхранување на суетите и лудоста на кодошите во врвот на партијата на власт која е во заминување, завршува во статусот на Јанушев.