Контроверзниот претседател на бугарското здружение, фондација „Македонија“, Виктор Стојанов во интервју за бугарските медиум се пофали дека успеале да купат клуб од Третата лига – Исток и во иднина ќе го преименуваат во ФК Јунак.
Тој открива дека клубот е од место близу бугарската граница, со убав стадион, а за клубот настапува фудбалер со преку 200 настапи во прволигашката конкуренција.
Минатата сезона во Третата лига – Исток, освен Осогово кој се пласира во второлигашката конкуренција, настапуваа уште: Овче Поле (Свети Николе), Тиверија (Струмица), Малеш (Берово), Рудар (Пробиштип), Дојранско Езеро (Нов Дојран), Академија Чешиново Облешево (Теранци), Вардарски (Богданци), Брегалница (Делчево), Карбинци, Спартмани (Градско Балдовци) и Победа (Валандово).