Елиф Елмас после доделувањето на наградите на ФФМ истакна дека Македонија е големо срце и татковина.

„За мене Македонија е нешто што многу значи. Прво, Македонија е едно големо срце! Потоа татковина, мајка… За Македонија сè би дал. И ова не го зборувам само колку да го кажам, туку е нешто што го чувствувам. Многупати досега го покажав тоа дека би играл за сите селекции. Ако треба и ако можам пак ќе играм за сите селекции – до мојот последен здив! И на сите играчи им велам дека треба да ја сакаат својата држава како што ја сакам јас и да уживаат во тоа“, ни рече Елмас после доделувањето на наградите на ФФМ.

Тој дополнително истакна дека нема зошто да не ја пее химната, односно дека тој е дел од нејзе.