Околу 600 филмови пристигнале за годинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал Астерфест штоод утре до 8 август по осумнаесетти пат ќе се одржи во Струмица. Од нив селектирани се дваесетина филмови што ќе се прикажат во првите два дена од фестивалот.
Во официјалната конкуренција влезе и филмот „Лука“ на режисерот Ице Виранов што го продукцира здружението за култура „Транзен“. Филмот на Астерфест ќе ја има и својата премиера.
Фестивалот ќе има и специјална проекција на филмот „Сонцето не грее на сите страни“ кој ја раскажува приказната за музичарот Ване Црнгаров од струмичко Кукилиш, кој барајќи подобра егзистенција се сели во Австралија каде ја заработува имитирајќи го Елвис Присли.