Денес според Грегоријанскиот календар е големиот христијански празник Божиќ

По повод празнувањето на Рождеството Христово, Н.В.П. монс. Киро Стојанов Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, упати божиќна честитка посакувајќи на сите христијани, во годината кога нè посети Христовиот намесник на земјата Светиот отец Папа, Честит празник Рождество Христово – Божик, а на сите граѓани на нашата земја Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, посака да ги прати секогаш и насекаде Божјиот благослов и Неговата неизмерна благодат исполнета со радост и мир!

Меѓу останатото во божиќната честитка скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх вели: „Во оваа Божиќно време, Црквата нè учи да ја живееме нашата христијанска хуманост, молејќи го Бога што нас во своето достоинство, чудесно нè создаде, а уште почудесно не препороди, да ни даде дел во божественоста на Неговиот Син, кој ја зеде нашата човечка природа (хорска молитва). Нека со нашата посветеност и меѓусебното дарување овој свет биде посветол, потопол и похуман. А тоа ќе се оствари ако едни со други излеземе во пресрет, не затоа што мораме, туку од љубов, како што Бог со своето овоплотување ни излезе во пресрет.“