Две семејства се пукале во Скопје, повредени се четири лица

Група соседи, членови на две семејства се пресметале со оружје вчера во скоската населба Чаир.

Како што објави МВР, на плац на булеварот  Македонско-косовска бригада во Скопје, двете групи употребиле огнено оружје и ножеви, пришто има повредени.

– На 02.08.2023, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ф.(38) и С.Н.(31), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во плац на бул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје учествувале во физичка пресметка помеѓу две семејства – соседи, во која било употребено огнено оружје и остри предмети, при што со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.(51) и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле Ш.И.(22) и С.И.(27), соопшти МВР.

Како што информира МВР, повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ каде што им била укажана лекарска помош.