Лионел Меси постигна два нови гола, а Интер Мајами го победи Орландо Сити со 3-1 во мечот од Лига купот, натпреварување во кое за трофејот се борат екипи од МЛС лигата и од мексиканското првенство. Со нови два гола, Аргентинецот стигна до својот петти гол во третиот натпревар за својот нов клуб, а неговиот тим се пласираше во осминафиналето на натпреварувањето.
Необично, но Меси не го изведе пеналот на својот тим во 51. минута туку топката ја даде на Џозеф Мартинес. Во спротивно ќе запишеше најверојатно и хет-трик на мечот.