Смртна казна за атентаторот во синагогата во Питсбург

Поротата во американскиот федерален суд досуди смртна казна на напаѓачот Роберт Бауерс кој убил 11 лица во масакрот во синагогата во градот Питсбург (Пенсилванија) во 2018 година.

За да се изрече смртна казна, беше потребно сите 12 члена на поротата да бидат едногласни.

Обвинителите претходно во судница побараа поротата да гласа за смртна казна откако истиот состав претходно го прогласи напаѓачот за виновен за сите 63 точки од обвинението.

Во завршните зборови обвинителите тврдеа дека ваквата казна е неопходна бидејќи 50-годишникот обвинет за нападот и понатаму продолжува да се залага за омраза кон Евреите и не покажал каење за своите дела.

Поротата едногласно утврди дека нападот на Бауерс бил мотивиран поради неговата омраза кон Евреите и дека тој ја избрал синагогата како најголема и најважна во САД за „да го максимизира уништувањето, да предизвика што поголема болка и да влее страв во локалните, националните и меѓународните еврејски заедници“