Овен
Излезете од својот оклоп ако сакате да постигнете успех на работа – посоветувајте се со колегите и прифатете ги нивните сугестии.
Попладнето опуштете се, се чувствувате исцрпено од напорниот период на работа, но и проблемите дома.
Овните во врска ќе му покажат на партнерот колку им значи.
Бик
На работа ќе се најдете во некоја невозможна ситуација од која едвај ќе успеете да се извлечете.
Бидете отворени за сугестии, ако сакате да си ја олесните работата.
Биковите во врска чувствуваат тензија поврзана со партнерот, па ќе направат сè да ја смират ситуацијата.
Близнаци
Вашата интуиција на работа ве води во добра насока, сè што ќе правите ќе вроди со плод.
Потребно ви е време за себе, па денес одбијте ги понудите за излегување со пријателите или партнерот.
Вечерта поминете ја во мирна атмосфера дома, читајќи книга или гледајќи некој филм што ќе ве опушти.
Рак
Денес ќе успеете конечно да исполните некое ветување што сте го дале одамна, па ќе бидете задоволни од себе.
Ќе имате многу работа, но никако не ги префрлајте своите обврски на колегите. Ова може да ве доведе во непријатна ситуација.
Некои слободни Ракови ќе отидат на љубовен состанок. Бидете со отворен ум и не го одбивајте веднаш потенцијалниот партнер.
Лав
Денес ве води вашата интуиција. Ќе донесете некоја деловна одлука која ќе се покаже исправна, па ќе бидете расположени.
Доброто расположение ќе го пренесете и на семејството, па тие ќе сакаат да поминете неколку часа заедно на отворено – покрај вода, на прошетка во парк или само да седнете некаде на кафе.
Мирен ден на љубовен план за сите Лавови.
Девица
Не се грижете премногу за работите што не можете да ги смените, особено ако се поврзани со вашите претпоставени. Ќе биде подобро за брзо време.
Ќе сакате да почнете нешто ново, што ќе ви го окупира вниманието – ново хоби, да почнете да вежбате и слично. Сега е вистинско време за ова.
Не се впуштајте во расправии со партнерот, може погрешно да ги протолкува вашите мотиви.
Вага
Имајте храброст да живеете и да го сакате она што никогаш не сте го имале.
Првата половина од денот е погодна за извршување на сè што неодамна сте планирале.
Ќе бидете многу внимателни кон другите, особено вашите најблиски.
Потребно ви е да се движите повеќе. Можни алергии
Шкорпија
Бидете чувствителни кон другите и направете компромиси тогаш кога е потребно. Денот ви носи ситуации кога ќе можете подобро да ја разберете својата емоционална страна и да ги видете работите во подобро светло.
Кога станува збор за финансиите, доста сте несигурни и мислите дека не сте доволно платени.
Вашата емоционална интелигенција е на високо ниво и ќе можете да слушате и да дадете повеќе корисни совети.
Движете се и тренирајте повеќе.
Јарец
Нема причина за грижа, вашиот љубовен живот од ден на ден оди во нагорна линија. Но, внимавајте, доколку сакате да започнете романса со некоја нова личност, време е да ги расчистите сметките со старата љубов.
Во вашата работа ќе го покажете талентот, па оттука се очекувани и нови одговорности.
Денот ќе ви биде полн со изненадувања. Работите на кои претходно не сте обратиле внимание одеднаш ќе ве одведат во нова област. Тоа може да биде примамлив предлог, интересен разговор, возбудливи информации.
Повеќе движење, а и добро е да се вратите на спортските активности.
Водолија
Роднините или пријателите може да ве запознаат со посебна личност за која лесно би рекле „да” на секоја покана.
Ќе се соочите со мали проблеми на работното место од кои сепак, ќе најдете излез.
Денот е поволен за љубов и семејни врски.
Денот е идеален за да излезете од дома и да ја потрошите енергијата која што веќе одреден период ве „гуши“.
Риби
Денес, вашето расположение нема да биде добро, и можеби нема да можете да го понесете вашиот партнер или било кој друг близок. Ова ќе предизвика огромен скандал, но нема да можете да ги замаглувате ефектите од вашата првична реакција. Само обидете се да ги ублажите вашите емоции и поминете убав ден.
Многу позитивни вести на ова поле – парите нема да бидат проблем, а тоа ќе ви овозможи да го подобрите вашиот животен стил.
Фокусирајте се на градење кариера и на зацврустување на однсоите со луѓето,но уживајте во задоволствоот што ви го дава животот.
Обрнете внимание на исхраната и движете се што повеќе. Мрзеливоста е забранета!