Буфон објави дека се пензионира

Џанлуиџи Буфон ова попладне го официјализираше она што се „шушкаше“ во италијанската јавност веќе некое време, бидејќи се јави со кратко соопштение со кое потврди дека става крај на професионалната кариера.

После 28 години минати во фудбалскиот врв, Џиџи реши да се повлече од фудбалот на 45-годишна возраст и да стави крај на сонот кој никогаш не сакаше да го заврши, а со својата одлука предизвика многу реакции во цела фудаблска спортска јавност.

Серија А, клубовите од Италија, неговите клубови и профилите од Лигата на шампионите ја одбележаа незаборавната кариера на историскиот чувар на мрежата, но брзо се јавија и неговите соиграчи и колеги од фудбалот.

Пауло Дибала се јави меѓу првите и порача дека Џиџи за него секогаш ќе биде „број еден“, а интересна порака напиша и младата француска ѕвезда која доживува неизвесност во Париз, Килијан Мбапе.

– Ми претставуваше огромна чест што те запознав и што се најдов на патот на твојата легендарна кариера. Златен човек кој ми даде вредни совети, истите ќе ги чувам со мене цел живот. Ти посакувам убав пат во иднина и посебно ти Благодарам, – порача Мбапе.