Една лажица маслиново масло дневно може да му помогне на вашето тело

Додавањето на една лажица маслиново масло во вашите оброци секој ден може да има огромно влијание врз долгорочното здравје на мозокот, покажа една студија.

Истражувачите од Универзитетот Харвард откриле дека само една лажица масло секој ден може да го намали ризикот од смрт од деменција за 28 проценти. Замената на една лажица маргарин или мајонез во исхраната со една лажица маслиново масло може да го намали ризикот од фатална деменција за 8-14 проценти.

Додавањето нешто повеќе од половина лажица маслиново масло во вашата дневна исхрана може да го намали ризикот од смрт од деменција за неверојатни 28 отсто.

Бидејќи многу земји ширум светот се соочуваат со зголемена стапка на деменција, студијата нуди надеж дека факторите на здрав начин на живот би можеле да бидат ефикасно оружје против разорните состојби на мозокот. Одлуката да консумирате маслиново масло, е безбеден избор и може да го намали ризикот од фатална деменција – истакнала постдокторантката Ен-Џули Тесиер.

Оваа студија беше прва што ја истражуваше врската помеѓу исхраната и смртта поврзана со деменција. Гледајќи ги прашалниците за исхрана и записите за смртни случаи собрани од повеќе од 90.000 Американци во текот на три децении, истражувачкиот тим дошол до резултати кои покажале дека оние кои консумираат повеќе од половина лажица маслиново масло дневно имале 28 отсто помал ризик од смрт од деменција.

Одредени антиоксидантни соединенија кои се наоѓаат во маслиновото масло можат да ја преминат крвно-мозочната бариера и на тој начин потенцијално да имаат директен и корисен ефект врз мозокот. Исто така, можно е тоа да има и индиректно да влијае на здравјето на мозокот со тоа што е поволно за здравјето на кардиоваскуларниот систем.