Марсело му ја скрши ногата на противникот

Легендарниот бразилски фудбалер Марсело го направи најлошиот фаул во неговата кариера. Искусниот 35-годишен дефанзивец кој настапува за тимот на Флуминесе, направи брутален фаул на дуелот против Аргентинос Јуниорс, поради кој веднаш беше и исклучен.

Се играше 58 минута кога Марсело згазна на ногата на Лучијано Санчез и му ја скрши. Марсело немаше намера да го повреди противникот, но го направи еден од најлошите стартови што може да се види во фудбалот. Марсело заработи исклучување, а теренот го напушти плачејќи.