Европскиот сон продолжува за Струга Трим Лум

 Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум синоќа забележа победа на реваншот против Будуќност во Подгорица во 2.коло од квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.

Стружани до триумфот од 4:3 беа предводени од Марјан Радески кој постигна три гола (11., 45+3 и 74. минута). Еднаш во листата на стрелците се запиша  Бесарт Ибраими (66. минута).

 

Головите за домаќините ги постигнаа: Ѓурковиќ (7),  Аџиќ (45+9) и Секуловиќ (82).

 

Стружани победија (1:0) и на првиот натпревар одигран пред седум дена и со вкупни 5:3 одат во следното коло.

 

Противник на Струга ТЛ во 3. коло ќе се биде Хесперанж од Луксембург. Натпреварите ќе се играат на 10 и на 17 август.