Суеверија за новогодишната ноќ

Последните часови од Старата година секогаш се исполнети со големи очекувања, исполнети со енергија, а многумина се обидуваат да ги искористат за да постигнат цели за следната година преку некои суеверија. Еве неколку суеверија што луѓето ги практикуваат низ светот.

1. Боја на долна облека

Во државите од Латинска Америка, на пример, црвена, зелена и жолта долна облека може да се купат во која било продавница пред Нова Година.

Луѓето носат црвена долна облека за да најдат љубов, зелена или жолта боја за да најдат богатство во новата година, а бело за мир. Останува на вас да ја изберете бојата на вашата долна облека.

2. Пишување желби на хартија

Пред вечерата на новогодишната ноќ, треба да ги напишете сите желби за новата година на хартија. Тогаш, треба да ја чувате таа хартија многу блиску до себе за време на вечерата за да ја апсорбираат целата ваша енергија.

По полноќ, хартијата се гори со убедување дека ќе постигнете сè што сакате во новата година.

3. Бакнување на полноќ

После Денот на вљубените, новогодишната ноќ е најлоша за самците затоа што сите се бакнуваат на полноќ. Точно, болката трае само 60 секунди. Бакнежот на новогодишната ноќ е симбол на љубовта во текот на целата година.

4. Среќни новогодишни бои

Како и кај долна облека, одредени бои ја симболизираат среќата.

Жолтата ќе ви помогне со финансиски проблеми, зелената ќе донесе здравје, портокаловата е за мудрост, виолетовата е за успех на професионално поле, црвената е за љубовта, а сините свеќи се за мир.

Во Бразил веруваат дека носењето бел костум ќе ви донесе среќа и мир во новата година. Белата модна комбинација мора да биде нова.

5. Исплатете ги долговите

Некои го споредуваат долгот со прекумерна тежина, исто како да носиш дополнителни 20 килограми на грб секој ден. И кога ќе ги вратите вашите долгови, ќе бидете воодушевени од брзината со која би се зголемила состојбата на вашата сметка – и среќата.