Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна

Продавницата за накит „Пијаж“ на улицата „Мир“ во центарот на Париз е ограбена денеска, а за нападот се осомничени три лица, кои побегнале со накит вреден 10 до 15 милиони евра, соопшти полициски извор и државното обвинителство на Париз.

За време на грабежот немало повредени бидејќи вработените во тој момент биле на пауза. Според првичните информации на истрагата, еден од тројцата разбојници бил вооружен.

Златарницата се наоѓа во центарот на градот, на улица каде што има претежно продавници на скапи, односно најлуксузни брендови, објави Би-Би-Си.