Роналдо постави уште еден рекорд, тој е фудбалерот со најмногу голови постигнати со глава

Португалецот вчера постави уште еден рекорд, откако постигна гол со глава против Монастир и го израдува Ал Наср (4-1).

Роналдо стигна до 145 голови со глава и така го надмина легендарниот Германец Герд Милер.

Ѕвездата на Ал Наср дури 115 погодоци со глава постигна за тимовите, додека 30 запиша за репрезентацијата на Португалија.