Усман Дембеле се уште е член на Барселона бидејќи ПСЖ до полноќ не успеа да ја активира откупната клаузула.
Сега работите се менуваат, но шпанските медиуми велат дека токму неговиот агент Муса Сисоко на крајот саботирал од добро позната причина.
Сега ситуацијата драстично се менува во корист на Барселона бидејќи од полноќ откупната клаузула на Дембеле е двојно повисока, а ПСЖ може да го доведе за 100 милиони евра, што секако не беше план на овој клуб.
Дембеле вчера наутро се согласил на договорот што го понудил ПСЖ и бил сигурен дека ќе биде играч на тој клуб до крајот на денот, но според шпанските медиуми, се` саботирал неговиот агент Сисоко.
Во Франција и Шпанија владее неверување поради потегот на менаџерот на Дембеле, кој повторно прави хаос во кариерата на својот клиент, а секако главната причина за тоа се парите.