Баерн го руши рекордот за Кејн

Делегација  на Баерн Минхен во понеделникот престојуваше во Лондон каде се сретна со челниците на Тотенхем.

Во оваа посета имаше само една тема, а тоа е рекордна понуда за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Во Баерн сметаа дека најдобра опција е да дојдат во Лондон и директно да разговараат со Даниел Леви, кој досега успешно одолеа на сите понуди за одличниот голгетер.

БАЕРН не се откажува од доведување на Хари Кејн. Откако лондонскиот клуб одби околу 93 милиони евра, што беше втора понуда, Баерн подготви и трета.

Тоа е рекордно висока понуда од германскиот клуб и изнесува 100 милиони евра, пишува Дејли Мејл.

Најскапото купување на Баерн на сите времиња е Лукас Ернандез, донесен во 2019 година од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра.