Црна Гора се бори со пожарот, кој вечерва избувна во Подгорица, од Косор до Долјани. Пожарникарите се на терен.
Како што пренесува Вијести, на местото на настанот веднаш биле испратени екипи на Службата за заштита и спасување. Службата на Фејсбук соопшти дека во 20 часот и 14 минути им било пријавено дека во Долјани гори ниска вегетација.
На лице место се испратени пет екипи со петнаесет пожарникари.
– По пристигнувањето на местото на настанот констатиран е пожар од поголеми размери, кој поради засилениот ветер се ширел. Припадниците на Службата се на терен за да го локализираат пожарот – стои во објавата на Фејсбук.