Баерн ја зголемува понудата и наскоро го потпишува Кејн

Извршниот директор на Баерн (Минхен) Јан-Кристијан Дрисен и техничкиот директор Марко Непе утрово отпатуваа за Лондон за да одржат личен состанок со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, за иднината на Хари Кејн . Тој разговор првично требаше да се одржи во петок, но во последен момент средбата беше одложена за денеска на инсистирање на влијателната фигура на Тотенхем.

Се очекува Баерн да ја подигне понудата за 30-годишниот напаѓач. Претходната понуда на Баварците беше 80 милиони евра (70 милиони фунти) плус бонуси. Постојат индикации дека германскиот клуб е подготвен да оди до границата од 100 милиони евра (86 милиони фунти), што може да биде доволно за договор со Тотенхем, иако лондончани се залагаат за 116 милиони евра (100 милиони фунти).

Самиот Кејн сака да се пресели во Баерн. Тотенхем веќе му понуди нов договор, но од денес тој одби да го потпише, што го става Баерн во силна позиција бидејќи клубот може да потпише пред-договор со напаѓачот во јануари и да го преземе како слободен играч следната лето.