Приближно 40 подводни ентузијасти од Струга, Охрид, Тетово, Скопје, Кавадарци, Белград, Битола и Штип на иницијатива на нуркачките клубови „Норкач“ и „Скаут“ од Струга се собраа во селото Радожда и имаа повеќе од успешна еко акција за чистење на брегот од Охридското Езеро.
Нуркачите извадија автомобилски гуми и друг цврст отпад од Охридското Езеро.
За жал, извадивме многу ѓубре, но остана уште многу повеќе и нашата заложба е оваа акција да ја спроведуваме и во следните години бидејќи Охридското Eзеро е одговорност на секој од нас, велат организаторите.