Тие настрадале кога нивниот сплав на надувување излетал во воздух поради силниот ветер кој ги фрлил на околу 50 метри во аква паркот „Wonderland“.
Во аква парк во Франција загина 35-годишен маж, а неговата 3-годишна ќерка е тешко повредена кога нивниот сплав на надувување излетал во воздух поради силниот ветер кој ги фрлил на околу 50 метри.
Трагедијата се случила во аква паркот „Wonderland“ во Сен-Максимин-Ла-Санте-Бум, во јужниот француски регион Вар, кога татко и неговата ќерка се возеле на сплав долг 15 метри.
Во налет на силен вета, сплавот се крена од водата и заедно со жртвите слете на околу 50 метри. Според истражителите таткото и ќерката доживеале срцев удар.
Итните служби успеале да ги реанимираат таткото и ќерката и да ги префрлат во болница во Марсеј каде ги сместиле на интензивна нега.
За жал, таткото почина од повредите во неделата, а неговата ќерка и понатаму е во критична состојба.
По инцидентот, градоначалникот Алан Деканис на социјалните мрежи објави дека го осудува недостатокот на безбедност во паркот и му оддаде почит на починатиот.