Авионот, кој полетал од аеродромот Ист Мидлендс во Велика Британија во 15:45 часот на пат кон грчкиот остров Родос, тоа попладне се нашол под сноп на силна светлина. Пилотот не можел да ја објасни таа појава, па побарал помош од контролата на летот, мислејќи дека можеби се работи за некое воено летало.
Меѓутоа, контролорот на летот немал никакви информации за воени авиони на таа позиција, а тоа што го опишал пилотот тешко би можело да се поврзе со некое земско летало.
Нивната комуникација се одвивала вака:
Пилот: TomJet 7KL
Контролор: Кажете што ви треба.
Пилот: Имам малку чудно прашање, но дали има воени авиони кои летаат во насока на стрелките на часовникот од еден до два, на околу 40 или 50 милји.
Контролор: 40 милји рековте?
Пилот: Да. Можеби. (сигналот бил прекинат за кратко време).
Контролор: Немаме извештаи за никаков воен сообраќај.
Пилот: Во ред. Силна светлина во моментов сјае кон нас. Непосредно пред да ве исконтактирам, блесна кон нас, потоа исчезна и почна да трепери. Потоа отскокна на небото и повторно почна да свети постојано.
Необичниот разговор меѓу пилотот и контролорот дојде само еден месец откако американската влада го објави својот извештај за неидентификувани небесни феномени.
